Српските медиуми јавуваат дека во Лесковац свадба започнала со оро, а завршила со крв. Тепачката, наводно, се случила поради банална причина.
Додека во светот е нормално да скокаат од падобран и да се заколнуваат на вечна љубов, во Лесковац дошло до тепачка на сватовите само затоа што невестата одлучила да го задржи и своето презиме, освен што ќе го земе на сопругот.
„Ку.во!“, извикал свекорот веднаш откако невеста соопштила дека ќе го задржи презимето, а тоа било причина сваќите да се фатат за коси. Па наместо со убава веселба, свадбата завршила со масовна тепачка.
-Колку беше непријатно, толку беше и смешно, зашто се работи за угледни градски семејства – раскажувале музичарите.
-Кога свекрвата ѝ рече на бабата: Глупава ку*во, оваа ѝ врати: А зошто сум глупава?, па во салата почнаа сите да се смеат, прераскажуваат музичарите, а потврдуваат келнерите, а и некои од сватовите.
За жал, смеата не ја запрела тепачката, па свадбата наместо со оро завршила со крв.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.