Британската премиерка Тереза Меј вети дека Обединетото Кралство во прв план ќе ги стави глобалните напори за искоренување на модерното ропство, предупредувајќи ги трговците со луѓе:„Доаѓаме по Вас“.
Меј повика на што поитно решавање на овој вид криминал што не познава граници и зафаќа 46 милиони лица низ светот, додека истовремено донесува годишен илегален профит од 150 милијарди долари, пренесуваат британските медиуми.
Британската премиерка на жртвите на модерното ропство им порача дека нивните страдања нема да бидат игнорирани и дека неуморно ќе работи на фаќање на сторителите на овој вид криминал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.