| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е најскапата венчаница на светот

Американскиот дизајнер Рим Акра неодамна претстави ултра гламурозна и скапоцена венчаница, којашто би претставувала остварување на соништата за многу идни невести.

Таа чини неверојатни 2.14 милиони долари и со тоа ја понела титулата – најскапа венчаница на светот.

Венчаницата е декорирана е со рачен вез и блескави дијамантски брошеви во облик на вилински коњчиња и пеперутки, коишто потекнуваат од компанијата Tiffany & Co. Високата цена е оправдана поради неверојатните 165 карати дијаманти и 61.91 карати драги камења!

Оваа луксузна венчаница е претставена на ревијата којашто била одржана во Tiffany & Co. бутикот на Петтата авенија. Чисто колку за споредба, цената на оваа венчаница е за 144 пати повисока од сумата којашто жените во Обединетото Кралство вообичаено ја користат за купување на истото парче облека.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top