| четврток, 6 декември 2018 |

Антиќ: Нѐ сметаа за аутсајдери, но сега ќе мора да нѐ респектираат (видео)

Македонскиот репрезентативец Перо Антиќ е вистинска кошаркарска ѕвезда на стариот континент, а по синоќешната одбрана на титулата со Олимпијакос, авторитетот на крилниот центар е уште поголем. Дека му го ценат тоа што го постигнал, потврди и интервјуто со ТВ-репортерот кој работи за Евролигата, веднаш по мечот.

– Прекрасно се чувствувам, конечно сум среќен и за мене и за тимот. Бевме аутсајдери и никој не сметаше на нас, но сега ќе мора да нѐ респектираат. Овој тим ја заслужи титулата бидејќи сме како браќа. Навикнавме да бркаме негатива во мечевите оваа сезона. Имавме и во финалето минус од 17 поени, а знаевме дека ни требаат само два-три прецизни удари за да се вратиме во игра, за дополнителна енергија. Ни помогнаа и навивачите кои беа извонредни – рече Антиќ.

 

За 25 минути игра во финалето против Реал, што Олимпијакос го доби со 100-88, Антиќ постигна 10 поени, а беше и најдобар скокач кај шампионот, со 6 фатени топки под обрачите. Неговото забивање во вториот период е рангирано како најдобро во финалниот меч, а во видеоматеријалот што го подготви Евролигата, како Топ 5 најмоменти, истиот потег на Антиќ е рангиран на втората позиција. За најатрактивен е одбран блокот на Кајл Хајнс. Американецот на суператрактивен начин „го залепи“ Никола Миротиќ и се најде на позицијата број 1.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top