| четврток, 6 декември 2018 |

Отворена нова поликлиника во Тетово

„Медика Истанбул” е новата модерна поликлиника, која се отвори во Тетово. Во рамки на оваа здравствена установа ќе функционираат дванаесет оддели, со модерна апаратура и нов современ концепт на услуги за пациентите. Од клиниката велат, дека се надеваат оти со брзата, ефикасна и прецизна услуга, ќе поттикнат подигнување на локалните здравствени стандарди.
-Поседуваме шеснаесет годишно искуство и знаење во развојот на медицински стандарди, имплементирање протоколи и медицинска нега со цел создавање на извонредност во здравствената услуга. Истиот тој модел преку „Медика Истанбул Тетово“ го правиме достапен и за граѓаните на Македонија со тоа што го унапредуваме преку комбинацијата на високите стандарди и современа технологија од Истанбул со локално искуство и експертизата на домашните специјалисти, вели д-р Мурат Динчер, сопственик на „Медика Истанбул“.
Во клиниката ќе работи мешан тим на доктори, и од земјава и од Турција. Услугите на Медика Истанбул Тетово во делот на примарната здравствена заштита, ќе бидат достапни според цените одредени од Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top