Една од најпопуларните фолк пејачки во регионот, Светлана Цеца Ражнатовиќ и нејзиното семејство постојано се во центарот на вниманието. Сите се љубопитни и сакаат да дознаат што е можно повеќе детали за нејзиниот приватен живот, а досега многу пати се шпекулираше за љубовните врски на Цеца и мажите со кои наводно била во врска.
Цеца е позната по тоа дека не сака многу да зборува за својот љубовен живот, а по смртта на сопругот Жељко Ражнатовиќ Аркан, таа досега не стапнала на лудиот камен. Меѓутоа, со последната објава на својот профил на Инстаграм во најмала рака ги шокираше следбениците на оваа социјална мрежа.
Имено, Цеца облекла венчаница и наспроти тоа што за момент сите помислија дека пејачката се мажи, станува збор сепак за уште една интересна апликација.
Цеца малку се пошегувала со своите обожаватели, но во секој случај убаво е да се види како изгледа со бел вел на главата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


