| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски ги посети МОБ и Филхармонија (фото)

Зградата на Македонската филхармонија ќе биде завршена за неколку месеци, истакна денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој изврши увид во градежните работи на овој објект.

133384295

Тој посочи дека првпат Македонската филхармонија ќе добие сопствена сала по највисоки стандарди, со акустика и сите потребна опрема, со што вработените ќе имаат одлични услови за работа.

133384296

Изградбата на нова зграда за Филхармонија чини 35 милиони евра.

Груевски ја посети и зградата на Македонската опера и балет каде беа реконструирани и модернизирани гледиштето и фоајето за прв пат по нејзината изградба во 1983 година.

133384298

По 33 години, МОБ доби и нови столчиња со дисплеи на кои ќе има превод до 5 јазици. Само шест театри во светот имаат вакви модерни столчиња.

133384299

Македонската опера и балет денеска и утре со почеток во 20 часот организира Гранд гала-концерт со кој ќе го промовира новото гледалиште и фоајето.

133384300

МОБ за свеченото отворање најави ексклузивна програма на концертот, под мото „Чувството во живо…во ново руво“. Ќе бидат изведени од класични дела до музика од познати филмови. На сцената ќе има голем број исполнители: оперски и балетски солисти, хорот, оркестарот, балетскиот ансамбл и детскиот хор „Фалсето“ при МОБ.

133384301

Диригент е Иван Еминовиќ, режисер Трајко Јордановски, сценограф Зоран Тошевски, костимограф Марија Пупучевска, кореограф Саша Евтимова, репетитор Лора Тарчуговска.

133384303

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top