| четврток, 6 декември 2018 |

Членовите на избирачките одбори ќе полагаат тестови

Изборните административци ќе одат на обука која предвидува онлајн тестови, предвидено е со меморандумот за соработка, кој го потпишаа Александар Чичаковски, претседателот на Државната изборна комисија, и шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Нина Суомалаинен. Ќе биде направен и видео-прирачник за едукација на избирачките одбори.

-Онлајн тестовите ќе бидат посебна апликација за евалуација на компетенциите на секој член на избирачките одбори. Заедничката цел е, преку интензивна и добро структурирана едукација на изборната администрација, да се зголемат знаењата, вештините и професионалните стандарди на изборната администрација при спроведување на изборите, и на тој начин да се адресира дел од претходно идентификуваните проблеми на ДИК. Меѓутоа, на тој начин би ги адресирале и дел од препораките нотирани во извештаите за набљудување на претходните избори, изјави Чичаковски.
Соработката меѓу ДИК и ОБСЕ треба да ги подобри изборниот процес и оперативните капацитети на комисијата. ОБСЕ ќе ја поддржи работата на ДИК со тоа што ќе ги анализа активностите и ќе помогне при подготовката на извештајот со препораки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top