| четврток, 6 декември 2018 |

Есма и Лозано од Македонија (Видео)

123
Синоќа во Малме почна официјалниот дел на Песна на Евровизија во Шведска, со презентирање и дочекување на учесниците на црвениот тепих поставен пред Операта во Малме. Интересот на граѓаните беше голем особено за припадниците на заедниците- доселеници во Шведска. Целиот настан се пренесуваше на националната телевизија. Тоа што ги воодушеви присутните Македонци беше најавата за пристигнувањето на нашата делегација под името Македонија.ceremonija

Изминатиот викенд Есма, Лозано и целата македонска делегација во Малме имаше низа акивности, а меѓу другото, стигна да им направи чест на Македонците иселеници кои годинава во Трелеборг, недалеку од Малме, беа собрани на Традиционалната културна манифестација „Ден на македонската култура“. На најмасовна македонска манифестација во Скандинавија покрај презентирањето на културни активности и фолклорни секции од македонските друштва и клубови, на иселениците во Шведска особена чест им направија делегацијата од Агенцијата за иселеништво на Република Македонија со директорот Васил Наумов, но и Есма Реџепова и Влатко Лозаноски. Особено што по дружењето со младите Македонци, ги почестија и со македонски народни песни.

Бидејќи желбата на нашинците да се биде поблиску, да се гушне, да се бакне и фотографира со двете ѕвезди од Македонија дуетот Есма- Лозано во живо беше невозможно да се сними со квалитет достоен за објавување. Затоа, еве уште еден агол на „Чае шукарие“ на Есма и на македонската делегација и реакцијата на присутните на прес конференцијата во Малме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top