Од денеска почнува пријавувањето за надоместување дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за купување печки на пелети за 2016 година.
Право на учество на овој јавен повик имаат жителите на Град Скопје, кои ќе купат печка на пелети за затоплување на својот станбен простор по денот на објавување на овој јавен повик и ќе поднесат Образец за барање за искористување на правото за надоместок.
Пополнет образец за барање, кој содржи и изјава дека барателот нема искористено право на надоместување средства за купување печка на пелети, на друг јавен повик од кој било извор во Република Македонија. Барањето може да се подигне во архивата на Град Скопје или да се обезбеди од интернет страницата на Град Скопје на следниов линк .
Купувачот на печка на пелети своето барање за искористување на правото за надоместување на дел од трошоците, заедно со потребната документација, треба да го достави во затворен плик до Град Скопје бул.Илинден бр.82, во архивата на Градот, секој работен ден од 09:30 до 15:00 часот.
Градот Скопје, во зависност од динамиката на пристигнување на пријавите, периодично ќе ја известува јавноста за преостанатите средства, се до нивно целосно искористување, но не подоцна од 30.11.2016 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.