Од денеска до 10 следниот месец земјоделците можат да поднесуваат барање за проценка на штети од доцните пролетни мразови настанати на 21 и 22 овој месец.
Барањата треба да се доставуваат во подрачните единици на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство.
Во прилог на барањето земјоделците треба да достават и фотокопии од лична документи и трансанциска сметка како и фотокопија од документ за доказ за користење или сопственост на земјоделското земјиште, соопшти МЗШВ.
За проценката на штетите формирани се 73 комисии кои ќе ги посетат сите земјоделките стопанства на чии површини има измрзнување на културите.
Согласно одлуката на Владата, од недела комисии за испитување на штетите настанати кај овошните и лозовите насади од ниските температури и мразот се на терен и прават записници за штетите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.