Кејт Мидлтон, принцот Вилијам и принцот Хари присустувале на кампањата под името „Рацето заедно“ во која се повикува на помош и подобрување на услугите на лицата со психолошки проблеми.
Британците го пофалиле залагањето на војвотката, но имале забелешка за нејзиното облекување.
Фустанот со цветен дезен кој го облекла Кејт за овој настан станал предмет на расправа и поделба во Велика Британија. Едни сметаат дека одлично и прилегал, а други дека е здодовен и не и прилега за нејзините години.
Модната уредничка Емили Монктон фустанот го нарекла „бапски“.
– Фустанот е грозен. Ја прави постара отколку што навистина е. Се разбира дека треба да биде облечена според својата положба, но и недостига самодоверба за да се облекува креативно – изјави Емили за „Дејли мејл“.
Со неа не се сложува модната уредничка Дина ван Тулекен која вели дека фустанот е преубав и токму онаков каков што го замислува секое девојче кога си игра принцеза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.