| четврток, 6 декември 2018 |

Празникот 11-ти октомври одбележан во Скопје и Куманово

chento-640x359

75 години од народноослободителното востание на македонскиот народ против фашизмот, денеска беа одбележани низ целата територија на република Македонија, а во Собранието беше доделена и наградата 11 октомври за животно дело од областа на уметноста.

Претставници од политичките партии, Собранието и Владата на Република Македонија, како и градоначалникот на Град Скопје, положија свежо цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел, на гробот на генералот Михајло Апостолски, како и на гробовите на загинатиот претседател Борис Трајковски и на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров. Цвеќе беше положено и на споменикот на Методија Андонов Ченто на плоштадот Македонија, како и на споменикот на Паднатите херои за Македонија во паркот Жена Борец.

Со положување свежо цвеќе, денеска и во Куманово беше одбележан државниот празник 11 Октомври.

Празникот 11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top