Двојазичната табла во Чаир која пред неколку дена беше поставена на штабот на СДСМ, е отстранета по само неколку дена по одлука на општинскиот комитет на СДСМ.
Откако скандалот се откри во јавноста, неколку дена по поставувањето на двојазичната табла на штабот на СДСМ во Чаир истата е отстранета.
Членови на партијата од овој општински комитет изминативе денови почнале да ги враќаат членските книшки, но пресметките на раководството биле дека гласовите на Македонците ќе биле надоместени и натфрлени со гласовите на Албанците, дознава „Курир“.
Одбележувањето на денешниот ден и слабиот одзив на Албанците од Чаир, придонело раководството на СДСМ лицемерно да си поигра со националните интереси и во последен момент да ја отстрани двојазичната табла за да ги привлече Македонците на маршот што го организира Зоран Заев.
– Горд сум што се зачленив во седиштето на СДСМ, која ќе функционира на двата јазици, за да му кажеме на народот дека албанскиот јазик ќе се употребува и во СДСМ“, изјави Исени за ТВ 21.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.