Еден од клучните играчи за минатогодишната сензација на Лестер во Премиер лигата, Ријад Марез призна дека бил блиску до трансфер во Арсенал, но бил премногу скап за „топџиите“.
– Во Лестер премногу работеа за да ме задржат, а за Арсенал бев премногу скап. На крај, не сакав да правам дополнителни конфликти со мојата екипа и решив да останам и не жалам поради таа одлука – изјави 25-годишниот фудбалер.
Оваа сезона започна бавно за фудбалерот на Лестер, кој има три гола и две асистенции на првите десет натпревари од сезоната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.