| четврток, 6 декември 2018 |

Паѓа снег низ Македонија – кога можеме да го очекуваме во Скопје?

Викендов на дел од планинските врвови во Македонија веќе беа регистрирани снежни врнежи, но прогнозите велат дека во градовите, оваа година можно е и воопшто да не видиме снег.

Долгорочните прогнози, кои сепак не се многу прецизни велат дека во градовите оние во котлините но и оние на повисоките места, снег нема да видиме се до Нова Година.

Постојат услови на почетокот од ноември да навее снег во Крушево, Кратово и останатите места кои се на поголема надморска височина, додека во останатите градови, ќе врне дожд.

Температурите прв пат едноцифрени ќе станат кон средината на ноември, а првите негативни утрински температури треба да се очекуваат на почетокот на декември кога и дневните нема да бидат над 5 степени.

Во Скопје студениот бран се очекува во втората недела од ноември, кога температурите ќе паднат под 10 степени.

Долгорочните прогнози, кои секако ќе претрпат уште многу промени, велат дека првите снегулки во главниот град може да се очекуваат дури на новогодишната ноќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top