| четврток, 6 декември 2018 |

Рекорд: Бентеке постигна гол во седмата секунда (видео)

Напаѓачот на Белгија Кристијан Бентеке постигна најбрз гол во историјата на квалификациите за светско првенство.

Тој погоди во седумата секунда од мечот со Гибралтар вечерва.

Домашниот тим тргна од центарот, Бентеке ја украде топката на 30-ина метри од голот, лесно влезе во казнениот простор, го измами капитенот на Гибралтар и лесно го совлада голманот.

Тој минатото лето помина од Ливерпул во Кристал Палас, а во кариерата играл и за Генк, Стандард Лијеж, Кортрајк, Мехелен и Астон Вила.


Christian Benteke Goal ~ Gibraltar vs Belgium 0… by sharmanher

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top