Македонија победи од неколку причини во однос на одлуката на „Костал“ на која локација ќе ги прошири своите производствени погони во Европа – изјави за „ТВ Нова“ директорот на технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ) Виктор Мизо.
Според Мизо, важна е поддршката што му е дадена на инвеститорот и видот и квалитетот на информациите при носењето на одлуката, а истовремено сето она што сме го ветиле е исполнето од наша страна и сето оди според договореното.
– Она што беше важно посебно за охридско-струшкиот регион е историјата, начинот, каков вид на производи, каков вид на компании порано работеле овде. Токму овде, во комплексот на поранешно ЕМО, компанија која беше бренд не само во Југославија, туку и во Северна Африка и на Блискиот Исток, дури и во Нигерија, видоа дека тука има луѓе кои можат и кои порано работеле електромеханички, дизајнерски активности, производствени активности, што значи дека со дообука, со преквалификација и вработување на дел од поранешните вработени во ЕМО, но и нови, млади луѓе од целиот регион, може овде да најдат конкурентна локација. Затоа сме среќни што во рамките на поранешно ЕМО веќе имаме околу 5740 м2 кои веќе се функционални – додаде Мизо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)