Зголемена примена на науката и современите технилогии во системот на управување и контрола на сообраќајот на патиштата е една од клучните цели на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Во таа насока, денес на иницијатива на РСБСП, а во соработка со Министерството за внатрешни работи и амбасадата на Република Словачка во Центарот за обука на МВР беше презентиран новиот систем на т.н. „Паметни полициски возила”. Проектот треба сериозно да ја зајакне работата на МВР, да ја олесни работата на на полициските службеници, да ги зајакне правата на граѓаните пред полицајците и да влијае на намалување на корупцијата.
На презентацијата присустваа Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи д-р Оливер Андонов, Амбасадарот на Словачка во Македонија Мартин Безак и Претседателот на РСБСП Стојче Стаменковски.
Во рамки на настанот, претставници од словенечката компанија „ Mosy – intelligent public safety“ пред припадниците на Министерството за внатрешни работи практично презентираа две возила на словачката полиција со вградени софтвери за идентификација на возилата и идентификација на сообраќајните прекршоци. Софтверскиот систем кој беше презентиран, всушност овозможува директна конекција на полициското возило и полицискиот службеник со базата на податоци од Министерството за внатрешни работи и идентификација на возилата, возачите и сите останати податоци кои се поврзани со возилото и возачот.
По презентацијата пристуните ја изразија својата подготвеност заеднички да реализираат пилот проект преку кои ќе бидат донирани две возила со вградени софтверски решенија кои ќе овозможат идентификација на возилата учесници во сообраќајот, препознавање на осигураните и регистрирани возила и одвојување на неосигураните и нерегистрирани возила како и идентификација на сообраќајните прекршоци и нивните сторители. Целта на овој тримесечен пилот проект е всушност директно да бидат утврдени можностите за имплементација на напредни тегхнологии во работата на полицијата во Република Македонија и согледување на неговите позитивни и негативни страни и неговиот допринос во насока на намалување на криминалното и девијантно однесување на патиштата во Република Македонија.
Досега ваков или сличен проект е реализиран во неколку европски земји и истиот сериозно влијаел на подобрување на ефикасноста на полициските службеници преку скратување на времето за полициски контроли, намалување на бројот на украдени возила, намалување на стапката на корупција и креирање на база со сериозни и важни податоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?