| четврток, 6 декември 2018 |

Верски обред ја однесе во смрт, семејството на 13 годишно девојче обвинето за убиство (Видео)

Ардана Самдарија колабирала и паднала во кома два дена откако го завршила драконскиот пост, а потоа починала од инфаркт. Нејзиното семејството ќе одговара за убиство, бидејќи ја принудиле на контроверзен верски обред, при кој е дозволено само два пати дневно да се пие варена вода.

capture

-Сега ништо не е јасно. Телото е кремирано и истрагата ја засноваме на информациите кои ни ги даде лекарот. Ќе ги испрашаме сите членови на семејството пред да продолжиме со истрага, вели главниот инспектор на полицијата во Хајдерабад М. Матаја.

Џаинизам е една од најстарите, најрадикални религии, која заговара мир и ненасилство. Во Индија е трета по застапеност, а во светот има четири милиони приврзаници. Меѓутоа, приврзаниците на оваа религија секоја година прават еден од најнеобичните и најконтроверзни ритуали во светот – мистичен обред познат како сантхар, односно изгладнување од смрт. Сепак, тоа обично го прават постарите верници кои чувствуваат дека доволно живееле и ги завршиле своите должности.

Семејството на Ардана тврди дека девојчето го прифатило постот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top