| четврток, 6 декември 2018 |

Почина Саша Зуровац, изведувачот на култната песна во филмот „Се сеќаваш ли Доли Бел“

Саша Зуровац, изведувачот на легендарната песна „Na morskome plavom žalu“, почина на 69-годишна возраст.

Момчето со руса коса и незаборавна тага во гласот ја изведе оваа песна, која многу бргу стана хит. По него ја пееја многумина: Јура Стублиќ, Бајага, Бора Чорба, Кралевите на улицата… но ниту еден не ја пееше како Саша.

Тој, секако, ќе остане запаметен како изведувач на најпознатата „летна“ песна од филмот „Се сеќаваш ли Доли Бел“ (Sećaš li se Dolly Bell), во кој ја толкуваше улогата на Владо Кликер, тинејџер со благ аутизам. По „Се сеќаваш ли Доли Бел“, Саша играше и во филмовите „Татко на службен пат“ на Емир Кустурица и „Животот на работникот“ од Мирослав Чиро Мандиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top