| четврток, 6 декември 2018 |

Не фрлајте ги лушпите од јајцата

Калциумот има многу важни функции во работата на организмот. Освен што создава коскена маса и ја спречува остеопорозата, калциумот ја нормализира функцијата на нервите и мускулите, го регулира чукањето на срцето, го поттикнува сонот.

Исто така е важен за работата на имунилошките клетки како и здрава коса и кожа.

Многуројни се факторите што го црпат калциумот од организмот, а тоа е, пред сè, премногу седење, кафе, алкохол и газирани пијалаци. На недостигот од калциум особено се склони трудниците и жените во менопауза, постарите мажи, како и личностите што страдаат од дигестивни нарушувања.

Лушпата на јајцата содржи 90 отсто калциум и е природен извор на минерали. Телото лесно ја апсорбира бидејќи хемискиот состав на луштите од јајцата е речиси идентичен на човечките коски и заби.

Во поголеми дози не само што ги лекува симптомите од недостиг од калциум, туку и го запира развојот на остеопороза, помага и против висок холестерол и зголемен крвен притисок, и ја стимулира коскената срцевина да произведува крвни зрнца.

Освен тоа лушпата од јајцето содржи железо, бакар, манган, цинк, флуор, фосфор, хром и молибден. Поради тоа многу експерти ја препорачуваат лушпата од јајцата како природен и многу делотворен додадок за калциум. Зависно од животната доба, препорачана дневна доза е 1,5 до 3 грама мелени лушпи од јајца.

Тироидна жлезда

Добро измијте ја лушпата од осум јајца, исушете ја и издробете ја, прелијте ја со сок од 2 лимони и оставете ја во фрижидер неколку дена. Кога лушпите ќе се потопат и омекнат, течноста процедете ја и промешајте ја со 1 литар ракија и еден килограм мед. Оставете да отстои 7 дена пред употреба. Конзумирајте по 1 лажичка два до 4 пати дневно после јадење.

Гастритис, чир

Лажичка од сомелени лушпи од јајца помешајте ја со лажица шеќер и лажица мелени ораси. Земајте 20 дена, 3 пати дневно по една лажичка.

На врвот од ножот ставете мелени лушпи од јајца помешајте ги со 2 лажици лимонов сок. Кога лушпите ќе се омекнат во сокот, додадете децилитар топло млеко. Земајте 2 пати дневно, наутро на празен желудник и навечер пред спиење.

Јакнење на организмот и чистење на крвта

Лушпата од 4 или 5 јајца добро измијте ја, здробете ја и ставете ја во 3 литри вода. Водата со лушпите чувајте ја во фрижидер до 7 дена и користете ја како вода за пијалак. Дневно земајте две до три чаши вода со малку лимонов сок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top