Репрезентацијата на Македонија го доживеа третиот пораз во квалификацискиот циклус за СП во Русија. Овојпат со три бода од „Филип Втори“ си замина фудбалската велесила Италија. Нашите репрезентативци покажаа каректер, одлична игра, но на крајот гостите се радуваа на победата.
Стрелецот на вториот погодок за Македонија, Ферхан Хасани е разочаран од ваквиот епилог на натпреварот и се надева дека по добрите игри, наскоро ќе дојдат и резултатите за нашиот национален тим.
– Едноставно нема што да кажам. Премногу сум разочаран. Одигравме фантастично на сите три натпревари, но повторно останавме без бодови. Дадовме се од себе, покажавме карактер и покажавме како се игра за репрезентацијата. Задоволен сум од играта на двата натпревари, но не и од резултатот. Ако продолжиме вака да играме, сигурен сум дека ќе дојде и резултатот – истакна Хасани после натпреварот.
После овој резултат, Македонија се наоѓа на петтата позиција на табелата во групата Г, а наредниот натпревар репрезентацијата го игра на гостински терен против селекцијата на Шпанија во ноември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.