| четврток, 6 декември 2018 |

МАНУ одбележува 49 години од основањето

Македонската академија на науките и уметностите денеска, 10 октомври, ја одбележува 49-годишнината од основањето.

По тој повод ќе се одржи свеченост на која ќе се обрати претседателот на МАНУ, академик Таки Фити, а ќе бидат прогласени и добитниците на меѓународното признание „Блаже Конески“.

Добитници се Суад Енѓулу од Република Турција за посебен придонес во проучувањето и афирмацијата на македонската современа книжевност и култура на Балканот и во Република Турција и Душко Новаковиќ од Република Србија за посебен придонес во афирмацијата на македонската книжевност.

Во рамки на одбележувањето на 49-годишнината од основањето на МАНУ ќе се одржи научна конференција на тема „Високото образование и науката – состојби и перспективи“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top