На 12 октомври (среда) во 12 часот во просториите на Славјанскиот универзитет во Битола на поетот Јован Стрезовски ќе му биде врачена наградата „Державин“ што се доделува за најдобра стихозбирка објавена во периодот од јули 2015 до јули оваа година. Високото признание Стрезовски го доби за поетската книга „Времено и трајно“, објавена во издание на „Силсонс“ од Скопје.
Одлуката за наградата, што ја доделуваат Друштвото на писателите на Македонија и Славјанскиот универзитет „Гаврило Романович Державин“, едогласно ја донесе жири комисијата во состав: Иван Чаповски (претседател), Стојан Тарапуза и Паскал Гилевски.
Жирито оценува дека најновото поетско остварување на Јован Стрезовски се одликува со високи естетски дострели кои се вградуваат во ризницата на трајните вредности на македонската литература.
-Стихозбирката „Времено и трајно“ е израз на богатото творечко искуство на Јован Стрезовски низ кое се преткојавуваат едноставноста на кажувањето и слоевитоста на поетските пораки и значења, се вели во одлуката за доделување на наградата „Державин“.
Како што е познато, Славјанскиот универзитет „Гаврило Романович Державин“ е донатор на паричниот износ на наградата „Державин“, а по повод претстојното одбележување на 70-годишнината од основањето на македонската писателска асоцијација.
Доајенот на ДПМ, Јован Стрезовски, годинава одбележа 85-годишен животен јубилеј и 60 години творечка дејност. Како поет, раскажувач, романсиер и писател за деца, создаде опус од четириесетина дела. Беше долгогодишен директор на Струшките вечери на поезијата и претседател на Собранието на ДПМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на најновата книга „Липите кај Сарај куќа“ на Лидија Дочовска Павловска во ДПМ
-
Загајевски стана почесен член на Друштвото на писатели на Македонија
-
„Ништо не е конечно“ -нова книга од Јован Стрезовски
-
„Празник на липите“: Врачени наградите „Книжевно жезло“ на Видое Видически и Ѓеорѓе Добре