Германската полиција соопшти денеска дека е уапсен мажот, осомничен за планирање бомбашки напад.
– Уморни, но задоволни, ноќеска во Лајпциг го уапсивме лицето осомничено за тероризам, напиша еден од полицајците на Саксонија на неговиот Твитер профил.
Германската полиција, изминатиот викенд трагаше по осомничениот Џабер ал Бакр (22), сириски бегалец.
Полицијата во германската покраина Саксонија издаде потерница по Ал Бакр, кој е роден во Сирија во јануари 1994 година.
Полицијата претходно окупираше станбена зграда во Хемниц, поради сомневање дека во станот се наоѓаат експплозивни направи и оти е можен бомбашки напад.
Според информациите на „Билд“ во станот, во кој упаднала полицијата живеел имигрантот од Сирија, по кој се трагаше.
Тој одредено време бил под полициско набљудување и планирал напад врз еден германски аеродром, јавуваат германски медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.