Овој стан во Украина го красат разновидни дизајнерски идеи кои слободно можете да ги примените и во својот животен простор.
Овој стан е дом на една сликарка и нејзиното семјество. Проектот за уредување на овој простор се вика „Шшш…“, а новото на креативноста го отсликува новото на креативност на самата сопственичка.
Секој дел од просторот има инаков креативен елемент.
Интересните текстури, сложените обрасци на подните и на ѕидните облоги и интензивните бои го прават просторот несекојдневен.
На самиот влез во станот првиот елемент со кој се среќавате е ломоново жолта врата и интересен под, кој од хексагонални плочки се претвора во дрвена подна облога.
Во простор од отворен тип организирани се дневна соба и кујна во кои доминираат сината и жолтата боја. Сепак, вниманието го одвлекува ѕидот изведен од рециклирана тула, редена во шема „рибина коска“.
Низ другите простории, во двете спални сови и во двете бањи, акцентот, исто така, е ставен на ѕидните облоги, но и на елементите кои ги разделуваат просторите. Така, во детската соба еден од ѕидовите е изведен како училишна табла и на него децата можат да чкртаат.
Во главната спална соба и во главната бања доминира елегантен црно-бел стил искомбиниран со дрвени површини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.