| четврток, 6 декември 2018 |

Принцот Лека ја зема пејачката Елиа: По 78 години „кралска“ свадба во Албанија

al-svadba

По 78 години од венчавката на албанскиот крал Ахмет Зогу и унгарската принцеза Гералдина, во Тирана одржана е голема „кралска“ свадба. На лудиот камен стапна нивниот внук, Лека Зогу Втори, кој на вечна љубов и се заколнa на албанската актерка и пеачка Елиа Захариа, со која во врска е од 2008 година.

al-svadba1

Свадбената церемонија се одржа во „Палатата на бригадите“, поранешна „Кралска палата“, со присуство на над 300 гости.

На свадбата, покрај претставници од политичкиот и општествениот живот на Албанија, присуствуваа и претставници на повеќе кралски семејства од светот, меѓу кои и принцезата Леа од Белгија, принцот Али од Египет, принцот Филип и принцезата Елизабет од Линхенштајн, српскиот принц Александар и принцезата Катерина, кралицата Софи на Шпанија, како и претставници на кралски семејства на други држави.

al-svadba2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top