| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанецот Костадин го воодушеви жирито: Момче, ти си за медал (Видео)

Скопјанецот Костадин Петрушев (24) го остави жирито без зборови по вчерашниот настап во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.  Младиот Македонец се претстави со песни од Дино Мерлин и Тоше Проески.

– Мене ме воодушеви. Извонредна експресија, сценски настап, изглед и интонација. Момчето е за вистински медал. Секоја чест, изјави тајниот член на жирито.

– Од мене одличен пет, изјави Босанец, но и останатите членови од жирито биле воодушевени од неговото пеење.

– Македонија се буди. Вечерва беше најдобар од сите, го пофали Аца Лукас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top