Легендарниот македонски фудбалер, Дарко Панчев открил дека во периодот кога се мачеше во Интер добил понуда од англискиот гигант Манчестер Јунајтед која ја одбил. Тој ја освои Златната копачка додека беше член на Црвена Ѕвезда, а во интервју за италијански весник признал дека одбил повеќе големи европски клубови.
– Денес е лесно да се каже дека Интер беше лоша одлука, но во годините кои минаа почувствував олеснување кога видов дека не сум јас единствениот на кој тоа му се случи. Заради Интер одбив понуди од Барселона, Реал М. и Манчестер Јунајтед, открил Панчев во интервју за „Газета Дело спорт“.
Тој додал дека не бил единствен на кој не му одело во Интер, а како него бил и Денис Беркамп, затоа што тогаш се форсирала игра во која била поважна борбеноста отколку фудбалското знаење.
– Во тоа време бев премногу самоуверен и горд и верував во своите квалитетите и во тоа дека ќе успеам, па и на големиот Алекс Фергусон и Манчестер Јунајтед им реков не, по што останав во Интер, признал Панчев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.