18 луѓе загинаа, меѓу кои 10-мина војници, а 27 се ранети денеска во напад со автомобил бомба врз воен објект во југоисточниот турски округ Хакари.
Гувернерот на Хакари, Орхан Топрак изјави дека во нападот загинале 10 војници и осуммина цивили. Властите како извршители за нападот ги посочија бунтовниците на курдската работничка партија.
Автомобилот – бомба во него имал пет тони експлозив и бил активиран пред објектот Дурак во планинска област, на 20 километри од градот Шемдинли, во близина на границите со Ирак и Иран. Турската војска во меѓувреме почна одмазничка антитерористичка операција со учество на воено воздухопловните сили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Драма во Франција: Жена со бомба се заканува дека ќе разнесе банка во Ним
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза