
Македонската фудбалска репрезентација вечерва сна арената „Филип Втори“ со почеток од 20.45 часот ќе го игра вториот квалификациски меч за СП 2018 на домашен терен, а за противник ќе го има големиот фаворит и четирикратен светски првак Италија.
По поразот од Израел следи меч со силните „азури“, а селекторот Игор Ангеловски најави дека нема да отстапува од своите замисли и формацијата 3-5-2, но мали промени ќе претрпи средниот ред. Се очекува во стартниот состав на „жолто-црвените“ од почетокот на мечот да се најде Стефан Спировски од Вардар, кој влезе од клупата на дуелот со Израелците, ја раздвижи играта и воедно асистираше за погодокот кој го постигна Несторовски.
Од првиот состав на клупата ќе биде преселен Милован Петровиќ од Осијек. Средниот ред на мечот против Италија може да претрпи и други промени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Третиот нацрт-амандман пред Комисијата за уставни прашања
-
Ова е новата Преамбула на Република Северна Македонија
-
Измени во Законот за работни односи: Новини во договорот за вработување, годишниот одмор на работниците, испратнината…
-
Македонската фудбалска репрезентација до 17 години ги доби противниците во квалификациите за ЕП 2019


