Полициската станица во Крушево вчера попладне добила пријава за починато лице во село Алданци.
-Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот при што е констатирано дека пред семејната куќа во с. Алданци во дворот има машко лице со повреди на главата и без знаци на живот. Од страна на медицинска екипа од Здравствен дом Крушево констатирана е смрт на М.П.(52), информираат од полицијата.
Полициски екипи и јавен обвинител извршиле увид на местото на настанот, а во врска со во полициска станица приведено е едно лице.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.