| четврток, 6 декември 2018 |

Очајна борба за власт: Двојазичноста на СДСМ во Чаир (ФОТО)

Иако двојазичноста на Заев се уште не добила амин од гласачите, од македонскиот народ, по неговите најави Социјалдемократскиот сојуз ревносно ја спроведува на терен. Така, партискиот штаб на СДСМ во Чаир доби двојазична табла.Заев повеќе пати досега во неговите интервјуа истакнуваше дека ќе ја направи Република Македонија двојазична земја.

sdsm-cair

Дополнително лидерот на СДСМ во своите изјави потенцираше дека со воведувањето на двојазичноста ќе лови албански гласови.

Сметам на албанските гласови за СДСМ, за коалицијата предводена од СДСМ. Без разлика дали ние ќе имаме коалиција со албанскипартии или не, јас сметам на албански гласови во овој процес на избори. И очекувам СДСМ да добие најмногу албански гласови, па потоа некоја друга политичка партија од албанскиот блок. Ги имаме сите причини на светот тоа така да се случи, дециден е Заев.

За потсетување Муса Љамалари, претставник на албанската дијаспора отворено во април призна дека остварувал средби со Заев, разговарале за федерализација и по таа средба помалите албански партии излегле на улица за да го поддржат Заев да нема избори. Тогаш, во изјавата Љамалари повторно нагласи дека тој се залага за федерализација на Македонија, нешто што како што вели, сите го знаат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top