| четврток, 6 декември 2018 |

Еруптираше вулканот Асо

Вулканот Асо, на северот на Јапонија, денеска исфрли големо количество густ, сив чад со височина од 11 километри, што е најголема ерупција на вулкан од почетокот на годинава.

јапонската метеоролошка агенција соопшти дека ерупцијата се случила во раните утрински часови и оти освен чад, вулканот исфрлил и вулкански камења и пепел, поради што е подигнато нивото на безбедност во таа област.

На снимките емитувани на јапонските телевизии се гледа портокалов пламен, кој избива на повеќе локации при врвот на вулканот, додека областа се полни со сив чад.

Во ерупцијата нема повредени, ниту поголема материјална штета, освен што куќите во околните места се прекриени со пепел, а летовите над планината се одложени или откажани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top