Уште кога бил дете, несудениот свештеник Радош Стевлиќ сметал дека Јосип Броз Тито е олицетворение на секаков вид на зло, па се приклучил на групата која се обидувала да го ликвидира маршалот и земјата ја ослободи од комунизмот.
Неговото размислување се сменило во 1944 година, кога бил обвинет дека е четник, и кога комунистите се заканувале дека ќе го убијат. Три децении подоцна, со групата на истомисленици се подготвиле да извршат атентат врз Тито.
– Во Њујорк беа главните организатори, во Торонто браќата Станојевиќ, Ѓорѓе Граховиќ во Охајо, Никола Живовиќ и јас бевме во Чикаго, Никола Кавај нас не поврза. Не користевме телефони, прислушкувања имаше насекаде – изјави Стевиќ за српската „ТВ Прва“, кој смета дека режимот на Брозов беше најлош систем на владеење од Адам и Ева.
Првата бомбашка акција симболично ја извеле на Свети Сава во седумдесетите години, а симболично е наречена „Шест светосавски бомби“.
– Шест бомби експлодираа во исто време во сите конзулати, и амбасади на Југославија во Њујорк, Торонто, Чикаго, Лос Анџелес, Сан Франциско и Кливленд – додава тој.
Американските медиуми тогаш известуваа за обид за убиство на југословенскиот маршал.
Втора шасна им се укажала кога Тито допатувал во Америка.
– Најблиску до атентат бевме кога дојде втор пат во Америка во Филаделфија. Тогаш имавме снајперисти кои чекаа да го убијат за време на одењето од авионот до терминалот – додава Стевлиќ.
Но, таа прилика им пропадна, како и онаа кога Тито дојде во посета на Белата Куќа, затоа што приближувањето до неговото возило беше невозможно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


