| четврток, 6 декември 2018 |

Квалификации за СП: Италија во Скопје ќе допатува без Монтоливо и Пеле

Фудбалската репрезентација на Италија во Скопје на квалификациите за Светското првенство (СП) 2018 година ќе дојде без Рикардо Монтоливо и Грацијано Пеле. Капитенот на Милан, Рикардо Монтоливо, поради повреда на коленото која ја здоби на синоќешниот натпревар со Шпанија, нема да настапи против Македонија. На негово место, селекторот на „аѕурите“, Џампјеро Вентура, реши да го повика 22-годишниот фудбалер на Торино, Марко Бенаси.
Покрај Монтоливо, во Скопје нема да допатува и Грацијано Пеле, кој имаше караница со селекторот Вентура и е отстранет од националниот тим. Пеле веќе го напуштил таборот на „аѕурите“.
Вентура не даде никаков коментар за евентуално повикување на Марио Балотели, за средбата со Македонија која ќе се игра во недела на арената „филип Втори“ со почеток од 20 часот и 45 минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top