После веста дека се степале Ана Николиќ и нејзиниот сопруг Раста се уште се нагаѓа која е вистинската причина која довела до физичка пресметка, а како што се шпекулира главна причина е љубомората на раперот, предизвикана од фактот дека Ана заработува многу повеќе пари од него.
Веќе подолго време Ана и Раста настапуваат заедно, а според неофицијалните информации караницата избила поради поделбата на парите.
-Раста бара од Ана кога настапуваат заедно да добијат единствен хонорар од 10.000 евра, меѓутоа таа не сака ни да слушне за тоа. Инсистрира да нејзинот брат Марко, кој и е менаџер, земе од сопственикот 7.000 евра, а луѓето на Раста да добијат 3.000 евра. Него го јаде љубомора што таа заработува повеќе. Постојано и префрла како го понижува со тоа што дозволува сопствениците на локалите и менаџерите на клубовите да знаат колку пари идат кај секого – тврди извор близок до парот.
Меѓутоа како што се зборува, Раста не е љубоморен само на популарноста на Ана, туку и на сите мажи во нејзина близина.
-Таа може и сама да земе 10.000 евра, но тогаш луѓето не би фрлале уште 3.000 евра за да го ангажираат и Раста. Затоа таа ја спушти нејзината цена, за двајцата да имаат повеќе работа. Нему му пречат машките пријатели на Ана, па дури и нејзините другарки. Не може со очи да го види братот на Ана, Марко. Се зборува дека Ана се мува со мажи и на настапи, па кога не работат заедно, тој задолжително праќа свои луѓе со неа. Таа нивна љубов е болна. Се сакаат, а постојано се гризат, караат, а сега и тепаат – изјавил изворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.