Ханс Георг Масен, по професија правник, две децении работел во Сојузното министерство за внатрешни работи каде од 2008 година бил началник на штабот за борба против тероризмот. Од август минатата година тој е претседател на германската служба за заштита на Уставот и вели дека се поаѓа од тоа дека во т.н. борбени зони, на авганистанско-пакистанската граница, но и во Сомалија, делови на Либија и Сирија се наоѓаат повеќе од 50, а помалку од 100 џихадисти од Германија. Сите се мажи, повеќемината се млади, на возраст од 17 до 30 години, емигранти. Иако и бројот на конвертити во последниве години пораснал, Сирија во моментов е во тренд, па така околу 40 џихадисти од Германија се таму, но од цела Западна Еврпа во целина ги има околу 250 до 500.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.