| четврток, 6 декември 2018 |

„Еразмус“: Обвинение против професорите од Економскиот факултет, запрена постапката за академикот

ojo

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција информира денеска до Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесе обвинителен акт против шест лица осомничени во предметот „Еразмус“.

-Обвинителството ги товари обвинетите врз основа на докази што го потврдуваат основаното сомневање дека во повеќе наврати во подолг временски период, односно во текот на 2015 и 2016 година како лица вработени на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, искористувајќи ја својата положба сториле кривични дела. Обвинетите Б.Ш и С.Р се товарат за сторено кривично дело – Примање поткуп од чл.357 ст.1, лицето Д.Ј. се обвинува дека сторило кривично дело – Примање поткуп од чл.357 ст.1 и Примање награда за противзаконито влијание од чл.359 ст.2 од Кривичниот законик. Обвинетите Љ.Ј. и С.Д. се товарат за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.1 од Кривичниот законик. Со обвинителниот акт се обвинува и лицето Д.Д. за сторени три кривични дела- Давање поткуп од чл.358 ст.1 од Кривичниот законик – се наведува во соопштението.

ОЈО ја запрело истражната постапка за Т.Ф. ценејќи дека нема докази кои потврдуваат дека осомничениот го сторил кривичното дело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top