| четврток, 6 декември 2018 |

Голем пресврт во случајот „Викиликс“: Трамп може да го ослободи Џулијан Асанж

Адвокатскиот тим на Џулијан Асанж денеска соопшти дека постои можност од новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да побараат кривичната истрага против основачот на „Викиликс“ да биде запрена.

Адвокатите се надеваат и дека Шведска наското ќе ја затвори истрагата за наводното силување. По тој повод шведската државна обвинителка Ингрид Исгрен последните два дена го испрашуваше Асанж во амбасадата на Еквадор во Лондон.

Сослушувањето на Асанж поради наводното силување во Шведска започна во понеделникот, а неговито адвокат Пер Самуелсон навел дека нема сомнение дека тој е невин.

Обвинение за силување против Асанж се уште не е покренато, туку се работи за предистражна постапка. Асанж претходно изјавил дека ова сослушување го гледа како прилика да го исчисти своето име.

По претседателските избори во САД, симпатизерите на Асанж покренаа петиција во која го повикуваат Доналд Трамп да го ослободи од сите обвиненија. Петицијата досега собрала десетина илјади потписи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top