Покрај истенчените нерви на македонските спортски фанатици, утнатиот пенал на Адис Јаховиќ во 94. минута од дуелот против Израел нанел и „материјална штета“ на еден љубител на обложувањето од Англија.
Даниел Моран на своето ливче сместил осум квалификациски натпревари, меѓу нив седум успева да ги погоди единствено останувајќи да чека реми меѓу Македонија и Израел. И, во 94. минута добива пенал и можност за добивка, но Јаховиќ со утнувањето успеа да го разочара. Токму тоа промашување на Јаховиќ го чинело 2.500 фунти, за уплата од само пет фунти.
– Се чувствувам многу лошо оваа вечер. Мислам дека сега македонските љубители на фудбалот треба да соберат пари и да ми пратат 2.500 фунти. Така можеби и ќе му простам на Јаховиќ – напиша на својот профил на „Твитер“, Моран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фудбалскиот свет ова сѐ уште го немаше видено: Младиот Авдалијан изведе пенал и направи салто (Видео)
-
По досудениот пенал за Реал, смртни закани за судијата Мајкл Оливер
-
Ни крив, ни должен „фатил“ 42 000 евра: Одиграл на победа на Барселона, грешката на вработената го направила богат
-
Нападнат вработен во обложувалница во Аеродром: Невозен обложувач фрлал по него со пенкала, со канта удирал во вратата