Огромно платно со ликот на рускиот претседател Владимир Путин осамна на мостот на Менхетн во Њујорк. Закачен е на бруклинската страна од мостот, а на него се гледаат руското и сириското знаме, како и зборот „миротворец” напишан со големи букви.
Повикувајќи се на изјави од сведоци, Њујорк пост пишува дека платното го поставиле две лица малку пред 14 часот во четвртокот по локално време.
Полицијата примила итен повик дека платно со големина шест на девет метри е поставено над улиците Адамс и Џон во Бруклин, соопшти портпаролот на полицијата. Полициските службеници го отстраниле.
Полицијата го истражува случајот, но засега никој не е уапсен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)