| четврток, 6 декември 2018 |

Новинарите од „Блумберг“ обвинети за шпионирање

Една од најголемите американски банки Голдман Сакс ја обвини новинска агенција Блумберг за шпионирање на нејзините службеници.

Според управата на банката, преку терминалот на Агенцијата нејзини службеници можеле да добиваат инсајдерски информации од Голдман Сакс. Од Блумберг пак, чиј сопственик е градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг, категорично ги отфрлаат обвинувањата.

„Во својство на новинска агенција ние се држиме до принципите на објективност и исправност. Имаме своите извори, но не сме ЦИА. Станува збор терминал кој им служи на банките вклучени во него. Ние немаме потреба од Голдман Сакс, туку напротив – тие имаат потреба од нас “, реагира Блумберг.

Финансиските компании од Вол Стрит на Блумберг му плаќаат милиони долари на годишно ниво за да го закупат терминалот на Блумберг каде постојат бројни деловни податоци, односно по 200 илјади долари за пристап по компанија. Терминалот сепак треба да биде одвоен од информативниот блок кој ги прави вестите на Агенцијата Блумберг.

За многу банки кои се вклучени на терминалот на Блумберг, рефлексивноста движењето на финансиските пазари и времето поврзано со информациите на Агенцијата се од голема помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top