| четврток, 6 декември 2018 |

Македонецот Филип Беќаровски трет на тестирањето на „Блумберг“

filip bekarovski

Филип Беќаровски, студент на Универзитетот „Тилбург“ во Холандија, освои трето место на тестот на фондацијата „Блумберг“ од Њујорк, во конкуренција на најдобрите студенти во Европа, западна Азија и северна Африка. Третиот најдобар резултат Беќаровски го постигна со 99 отсто точни одговори на тестот.

Основно и средно училиште Беќаровски завршил во Скопје, а потоа се определил за економски студии во Холандија – на универзитетот во Тилбург, кој е меѓу најпрестижните во Европа.

Фондацијата „Блумберг“ е на Мајкл Рубенс Блумберг, еден од најбогатите луѓе во САД, сопственик на компанијата „Блумберг Л.П.“, чија основна дејност е давање финансиски информации.

Светот го запозна како градоначалник на Њујорк во три мандати, но е познат како прв човек на фондацијата која истажува и пронаоѓа млади, перспективни студенти и дипломирани економисти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top