| четврток, 6 декември 2018 |

Во Њујорк: отворен Музеј на жртвите од нападите на 11 септември

muzej-new-york

Во присуство на американскиот претседател Барак Обама, денеска во Њујорк е отворен Музеј на жртвите од нападите од 11 септември 2001 година.

Неколку илјади луѓе, мешу кои и членови на семејствата на жртвите, преживеани лица, припадници на спасувачките екипи, поранешниот претседател Бил Клинтон и неговата сопруга Хилари, првата дама на САД, Мишел Обама, присуствуваа на отворањето на подземниот музеј, изграден на местото на Светскиот трговски центат на Менхетн.

– Тие кои ги загубивме живеат во нас, нацијата ќе ги почитува сега и засекогаш. Ништо не може да не скрши нас Американците, ништо не може да го смени тоа што сме, наведе Обама.

Поранешниот градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг истакна дека „музејот ќе биде симбол на минатото, како Битката кај Гетисбург од 1863 година, Перл Харбур и Меморијалниот центар на ветераните од Виетнам“. Блумберг е и директор на музејот.

Музејот, чија изградба чинеше 700 милиони долари, ќе биде отворен деноноќно во следните шест дена само за семејствата на жртвите, за преживеаните и за учесниците во спасувачките операции, а на 21 мај ќе биде отворен за посетители.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top