| четврток, 6 декември 2018 |

Брајовиќ од Металург го смени државјанството и сега ќе настапува за Босна и Херцеговина

brajovic

Десниот бек на нашиот ракометен вицепрвак Металург, Војислав Брајовиќ се одлучи да го промени своетo државјанство од српско во босанско, со што би се здобил со право за настап во селекцијата на БиХ.

Брајовиќ, кој ги помина сите младински селекции на Србија, не е единствениот Србин кој се одлучи за истиот потег со оглед на тоа што истото го направи и Саша Марјанац, кој настапува во ЦСМ Букурешт кај нашите Шундовски и Георгиевски.

Брајовиќ е роден во Сараево, а играчката афирмација ја стекне во Црвена Звезда, каде што на 21 годишна возраст замина во Марибор, од каде што летово пристигна во Автокоманда. Тој како и Марјанац своето деби би можеле да го имат веќе на следните два дуели во квалификациите за ЕП во Хрватска против Шпанија и Австрија, со оглед на тоа што се најдоа на широкиот список од 26 ракометари на новиот селектор на БиХ, Билал Шуман.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top