| четврток, 6 декември 2018 |

Новата љубов на Шон Пен може да му биде ќерка

sean-penn-2000

Шон Пен во неговата вила на Хаваите, е снимен како во океан разменува нежности со мошне млада девојка. Станува збор за 24-годишната актерка Лејла Џорџ, која штотуку треба да се докажува во актерските води.

На насловните страници на светските медиуми Лејла се најде оваа недела, но не поради актерските успеси, туку поради папарацо-фотографиите. На нив се гледа како Лејла страсно се бакнува со Шон на песочните плажи на Хаваите.

Славниот актер досега бил со низа славни жени. Тој во јуни 2015 година се раздели од актерката Шарлиз Терон. Младата Лејла е родена 1992 година, и иако е на почетоците на актерската кариера, не е непозната во тој свет, што не чуди, бидејќи потекнува од актерско семејство. Мајка и е актерката Грета Скаки, а татко и е актерот познат на широката јавност од серијата „Закон и ред: Криминални намери“ Винсент Д’Онофрио.

vincent-donofrio-news

Интересно е дека Лејла е дури една година помлада од ќерката на Шон, Дилан, која е родена во бракот со Робин Рајт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top