| четврток, 6 декември 2018 |

Помлада од неговата ќерка, родителите ѝ се славни актери – ова е новата девојка на Шон Пен

son

Светските медиуми пишуваат за Лејла Џорџ, 24-годишна убавица која е фатена како го бакнува 32 години постариот актер, познатиот Шон Пен, на плажите на Хаваи.

Лејла е родена во Австралија, се обидува да изгради актерска кариера, а родителите, исто така, ѝ се во филмската индустрија.

son2

Нејзината мајка, актерката Грета Скачи, има 56 години, колку и новото момче на Лејла.

son4

Актер е и нејзиниот татко, Винсент Донофрио.

son3

Лејла досега има остварено само неколку улоги, но се образувала во престижни училишта низ светот.

Сепак, нејзиното име се појави во весниците дури сега кога е фатена во страсна прегратка со Шон Пен, и тоа на плажата каде познатиот оскаровец има викендичка во која ја водел и поранешната свршеница Шарлиз Терон.

Ќерката на актерот, Дилан само една година е постара од Лејла.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top