| четврток, 6 декември 2018 |

Смена на генерациите: светот лудува по децата на Бекам, Џегер и Мадона (фото)

Тие се поубави, помлади и далеку попосакувани од нивните мајки и татковци, кои се некои од најпознатите ѕвезди во Холивуд. Кога ќе ги видите веднаш ќе ги заборавите нивните родители, бидејќи тие ќе им ја преземат целата слава.

асловна деца

Да се биде дете на познати родители има и предности и недостатоци. Во однос на предностите, доколку тоа го сакате, имате пари и популарност, се дружите со познати личности и имате далеку поголеми шанси да успеете во животот во однос на другите дева. Во однос на недостатоците , се исто само од перспектива на некој кој тоа внимание всушност не го сака.

Некои од децата се познати како доста успешни, некои се дури и поуспешни од нивните родители, додека пак другите доста успешно се кријат  од очите на јавноста.

Ова се само некои од децата на познатите личности за кои денес знаеме само затоа што се деца на познати родители.

Џејмс Џегер –синот на рокенрол легендата Мик Џегер ќе се појави во главната улога во серијата „Винил“ која неговиот татко ја продуцира. Серијата ќе се занимава со темата на рокенролот во седумдесеттите, а кој подобро ќе ја одигра главната улога од синот на легендата која во тоа време настанувала.

dzeger

dzeger2

Зои Кравиц – попозната и  како ќерката на музичарот Лени Кравиц и актерката Лиса Бонер. Зои е исто така пејачка, актерка и модел. Зои за прв пат се појавила на филм во 2007 година кога глуемла даидлка која ја најмува Кетрин Зета Џонс, а по тоа нејзините филмски улоги само се редеа. Таа се занимава и со моделинг.

zoe

zoe2

zoe3

Елизабет Џегер – попозната и како ќерката на фронтменот на Ролингстонси, Мик Џегер. Лиз е најстарото дете од бракот кој Џегер го имал со актерката и моделот Џери Хол. Лиз тргна по стапките на нејзината мајка и се успешно се занимава со моделинг.

bet

bet2

bet3

bet4

Патрик Шварценегер – е најстарото дете кој актерот Арнолд Шварценегер го добил во бракот со новинарката и писателката Марија Шривер. Родителите му помогнале на Патрик да на само 15 години основа своја компанија која се вика „Пројект 360“. Компанијата се занимава со производство на облека и доста е успешна. Тој се занимава и со моделинг.

patrik

patrik2

patrik3

patrik4

Лурдс Леон – попозната и како ќерката на Мадона. Дваесетгодишната Лурдс е копија на мајка. Таа неодоливо личи на Мадона кога се појавила на музичката сцена. И нивото однесување е доста слично. Дветеимаат бунтовнички став и се бидуваат во се да бидат поинакви и посебни, па така и во облеката која носат.

lurd 2

lurd 3

lurd

Ајрланд Болдвин– ќерката на познатиот актер Алек Болдив и Ким Бесинџер. Ајрланд не сакаше да тргне по стапките на нејзините родители и никогаш не се занимавала со актерството. Но затоа ќерката на холивудската двојак е доста успешен модел.

boldvin

boldvin2

boldvin3

Бруклин Бекам – синот на Викторија и Дејвид Бекам е вистински разгален тинејџер на богати родители. Тој сака да ужива во славата која му ја овозможиле родителите и се труди во секоја прилика добро да ја искористи. Младиот Бекам сака да живее со полни ради. Како што пишуваат  медиумите, забавите  во Холивуд кои не можат да поминат без старлети од најразлични профили сега повеќе не поминуваат ниту без младиот Бруклин Бекам.

bekam

bekam2

bekam3

Дилан Пен – е американска актерка и модел. Но сепак Дилан е попозната како ќерка на Шон Пен и актерката Робин Врајт. Атрактивната русокоса глумела во неколку филмски остварувања, најчесто во хорор жанр, но за разлика од нејзините родители не се пронајде на кино платната. Писта и камерата е сепак  нешто што повеќе им одговора на нејзините афинитети.

pen 3

pen

pen2

Ава Филипе – без оглед дали сте го слушнале или пак не ова име, доволно е да ја погледнете една фотографија и да видите дека таа е копија на нејзината позната мајка актерката Риз Витерспун.

ava

ava2

ava3

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top